Дома Фудбал Лига на шампиони Новиот модел од Лигата на шампиони ќе започне порано од очекуваното?

Новиот модел од Лигата на шампиони ќе започне порано од очекуваното?

УЕФА веќе ги потврди промените во Лигата на шампиони и новиот модел според најавите требаше да стартува од сезоната 2024/25.

Поради незадоволството на големите клубови кои беа спремни да започнат Суперлига, УЕФА размислува новиот модел да почне да функционира порано.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Ова се дел од клучните промени:

-Бројот на учесници се зголемува од 32 на 36

-Сите клубови ќе бидат во една група

-Секој тим ќе игра по 10 меча, односно секој учесник ќе игра против 10 противници одредени со ждреб.

-Првите осум клуба од групната фаза директно продолжуваат во осминафиналето.

-Следните 16 тима ќе играат бараж за останатите 8 места во осминафиналето.

-Ќе има сигурни места за елитни клубови кои не успеале да обезбедат пласман преку првенството.

Со овој формат УЕФА се обидува да направи Лигата на шампиони да биде слична на концептот на Суперлигата и така да направи компромис со европските гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Легендата на Унгарија е во добра состојба после драмата на стадионот во Амстердам

Холандија ја совлада Унгарија со 4-0 во Амстердам во натпревар од петтото коло од Лигата н…