Волфсбург го финализира трансферот на 18-годишниот полски напаѓач Бартош Биалек.
Биалек доаѓа од Заглебие за 5 милиони евра и потпиша четиригодишен договор со Волфсбург.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во Полска него многу го споредуваат со Роберт Левандовски и го прогласија за наследник на голгетерот на Баерн Минхен.
Тој само пред една година дебитираше во сениорскиот фудбал, но веднаш ги импресионираше фудбалските скаути. На 19 меча во првенството постигна 9 гола и запиша 4 асистенции.
Не само по играта, Биалек и по конституцијата многу наликува на Роберт Левандовски.