Поранешниот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа се чини дека конечно ќе се врати на терените.
Де Геа после 12 сезони поминати на „Олд Трафорд“ ова лето го напушти Јунајтед и се уште е без клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Де Геа се поврзуваше со многу клубови, но сепак реши да се врати во Шпанија и ќе игра во втората лига.
Најавите се дека Де Геа е пред потпис со шпанскиот второлигаш Елденсе, клуб кој е многу амбициозен и сака што побрзо да се пласира меѓу елитата.
Де Геа би потпишал договор до летото 2025 година, а во случај клубот да избори место во елитата, договорот би бил продолжен со дополнителни бонуси.