Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Нова сензација на Мундијалот: Поранешен играч на Партизан ја сруши Германија!

Нова сензација на Мундијалот: Поранешен играч на Партизан ја сруши Германија!

После вчерашната сензација на Саудиска Арабија против Јапонија, денес во вториот ден од Мундијалот видовме уште едно големо изненадување – Јапонија ја победи Германија!

Германците во овој Мундијал влегоа со желба да се „извадат“ за последните години кога потфрлуваа на големите настани и не беа онаа Германија која сите ја знаевме во минатото, сепак стартот во Катар не ветува.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако во поголем дел од натпреварот Германците создаваа шанси, се играше пред голот на Јапонија, но изостана реализацијата од игра. Голот за водство Германија го постигна во првото полувреме од пенал преку Гундоган.

Кога не ги искористија приликите за гол, Јапонија почна да притиска, селекторот на Јапонците направи пет измени и тргнаа на се или ништо. Изедначувањето стигна во 75. минута преку Доан, а потоа поранешниот играч на Партизан, а сегаше нна Бохум Такума Асано на одличен начин упсеа да погоди за целосен пресврт.

Втор ден на Мундијалот, второ големо изненадување…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…