Манчестер Сити е се поблиску до доведувањето на Жоао Кансело од Јувентус.
Португалскиот фудбалер наскоро би можел да стане првото засилување на освојувачот на Премиер лигата, а извори од Италија говорат дека денес била одржана нов рунда преговори помеѓу двата клуба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Старата дама“ сака за Кансело да добие 60 милиони евра, „граѓаните“ пак сакаат да ја намалат цената и да ја завршат работата.
#Juventus–#ManchesterCity: la trattativa per #Cancelo va avanti, contatti anche nelle ultime ore ??
? https://t.co/rolTHkziKC
?@GoalItalia pic.twitter.com/7Ld6yf6Oer— Romeo Agresti (@romeoagresti) June 17, 2019
Сепак, според медиумите разликата не е голема и во наредните неколку дена би требало се да биде завршено. Сити нема намера да купува премногу ова лето, а за Кансело се одлучија затоа што Данило ќе го напушти „Етихад“.
27 годишниот Данило не успеа да се избори за место во стартниот тим на Сити за две години и сега има неколку понуди.
Кансело од друга страна пристигна во Јувентус минатото лето од Валенсија за нешто повеќе од 40 милиони евра, а оваа сезона одигра вкупно 34 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.
Навивачите на Јувентус не беа баш задоволни од тоа како играше Кансело во финишот на изминатата сезона.
https://www.youtube.com/watch?v=JOMHCWnmBUY