
Како што ситуацијата изгледа би можеле да видиме нова спектакуларна борба овој пат помеѓу Кабиб Нурмагомедов и Флојд Мејведер.
Нурмагомедов преку видео порака во текот на вчерашниот ден испрати порака до славниот боксер кој во својата кариера има учинок 50:0, не се чекаше и долго за одговор од Мејведер кој најави нивна борба во Лас Вегас.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
После ваквата објава на Мејведер, следуваше нова објава на Кабиб на неговиот Инстаграм профил.
Кабиб од Мејведер побара само да не се борат во Лас Вегас.
„Флојд Мејведер само да не е во Лас Вегас, таму не сакаат да ми ги дадат парите“, напиша Нурмагомедов под фотографијата на која го „гуши“ Мекгрегор.
Ќе потсетиме Кабиб се уште ја чека сумата од два милиони долари која беше договрена пред борбата, постои можност истата воопшто да не му биде доделена поради неговото излегување од кафезот.