Не сакаше на Островот можеби ќе сака на другиот крај на светот.
Без оглед што игра малку и под очекувањата, за Бразилецот Малком од Барселона постои интерес. Прво доби понуда од Евертон, но ја одби, сега се чека одговорот на втората – од Кина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Гвангажу Евергранде на адреса на Барселона испратил понуда вредна 50 милиони евра за крилниот играч кој не ги исполни очекувањата после трансферот од Бордо. Ретко кога игра во првиот тим (само еден првенствен натпревар и еден во шпанскиот куп), со самото тоа ретко постигнува и голови.
Спас му нуди Фабио Канаваро кој на клупата на Гвангжу после седум титули во низа мораше да ја предаде титулата на Шангај ШИПГ.
Интересно е дека Малком на овој азиски клуб го препорачал Андре Кари, поранешен скаут на Барселона за Јужна Америка. Очигледно Кари има информации дека Малком е незадоволен и спремен е да помогне и на двете страни.
Доколку овој трансфер би се реализирал Барселона дури и би заработила од Малком – го купија за 41 милион евра, а би го продале за девет повеќе.
https://www.youtube.com/watch?v=rQJFAySObVc