Наполи, Болоња и Бока Јуниорс добија конкуренција.
Како што стојат работите, Златан Ибрахимовиќ ќе биде една од главните теми во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако има уште два месеци од договорот со Лос Анџелес Галакси, тој всушност е слободен играч со оглед на тоа дека неговиот тим ја заврши сезоната со испаѓањето во плеј-офот од МЛС лигата. Малку е веројатно дка ќе му биде понуден нов договор во Лос Анџелес, посебно поради гестот кога го напушташе теренот во последниот натпреварот.
Сега на списокот клубови кои сакаат да го доведат се приклучи уште еден клуб – Фламенго. Најпопуларниот фудбалски клуб во Бразил е спремен да влезе во трка со Наполо, Болоња и Бока Јуниорс кои исто така покажаа интерес за шведскиот велемајстор.
Фламенго минува низ еден од најдобрите периоди во последните десетина година и е на чекор сезоната да ја заврши на спектакуларен начин. Се пласираа во финалето на Копа Либертадорес после скоро 40 години и таму ќе се борат за титулата на Јужна Америка со Ривер, додека во домашното првенство се убедливи се лидери на табелата на 10 кола пред крајот.
Наполи нуди 1.5 милион евра до крајот на сезоната за Ибрахимовиќ и дополнителни три ако одлучи да ја продолжи соработката. Го сака и Болоња, а таму е големиот пријател на Ибра Синиша Михајловиќ, но прашање е дали овој клуб може да ги исполни неговите финансиски услови. Заинтересирана е и Бока, но таму нема ништо да се знае до половината на декември кога се закажани изборите за нов претседател.
Фламенго веројатно има намера да го ангажира Ибра ако триумфира во Копа Либератодрес и се пласира на Светското клупско првенство каде што би сакал да ја нападне светската титула на турнирот каде што Ливерпул ќе биде главен фаворит.