Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на крајот на сезоната би можел да го напушти Реал Мадрид.
Иако има 33 години, Модриќ како официјално најдобар играч за 2018 година е и тоа како привлече за многу клубови, а најмногу се поврзуваше со Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потенцијалниот трансфер во Интер минатото лето пропадна и Модриќ остана уште една сезона во Реал. Сега повторно се појавуваат гласини дека би можел да ја промени средината.
Англиските медиуми објавија дека Реал Мадрид е спремен да го продаде Модриќ со цел да ослободи место за Еден Азар и Кристијан Ериксен кои се на мета на „кралевите“.
Сега се појави вест дека Модриќ би можел да направи изненадувачки трансфер во Премиер лигата и тоа во редовите на Арсенал.
Унаи Емери, менаџерот на Арсенал како што пишуваат англиските медиуми го обожава и цени Модриќ уште од деновите додека работеше во Шпанија. На Островот се пишува дека Емери е спремен да понуди 30 до 40 милиони евра. Сега, прашање е дали Реал ќе го пушти Модриќ за оваа сума, но треба да се истакне и дека Хрватот веќе има 33 години.
Модриќ добро го познава Лондон, го носеше дресот на Тотенхем, а втората причина поради која би дошол во Арсенал е што ова место во тимот на „топџиите“ ќе остане испразнето бидејќи Арон Рамзи ќе се пресели во редовите на Јувентус.
Освен тоа англиските медиуми веруваат дека Модриќ има желба повторно да заигра во Премиер лигата.