Потенцијалниот трансфер на Нејмар од ПСЖ во Барселона се претвори во една од најголемите сапуници ова лето, а „Спорт“ денес пренесува нови детали за можен договор помеѓу Барселона и ПСЖ.
Дека Нејмар сака во Барса стана јасно од поодамна, но на Барселона и се проблем парите, па каталонскиот медиум денес пишува дека ПСЖ и Барселона би можеле да се договорат за позајмица со право на откуп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наредното лето Барса без проблем би можела да плати 200 милиони евра, но ова лето тоа е проблем. Каталонците веќе ги доведоа Гризман од Атлетико и Де Јонг од Ајакс за 195 милиони евра, а вкупно потрошија 235 милиони евра на засилувања и немаат многу маневарски простор.
Неколу играчи како Малком, Силенсен и Андре Гомеш си заминаа во обид да се обезбедат средства за Нејмар да биде доведен, меѓутоа бидејќи ПСЖ ги одбива сите понуди во кои Барселона се обидува да вклучи играчи не им преостанува ништо друго освен да купат време.
Од друга страна се пишува за проблем во соблекувалната на ПСЖ. Нејмар влегол во расправија со спортскиот директор Леонардо па управата на клубот сака да се ослободи за да не настанат поголеми проблеми.
Претходно оваа недела ПСЖ се закани дека нема да и дозволи на Барселона да преговара за Нејмар. Во ПСЖ веруваат дека Барселона со намера барала од Нејмар да прави проблеми во соблекувалната со цел ПСЖ да му ја намали цената. Сепак, Нејмар изгледа не сака никаде на друго место освен во Барселона, па ПСЖ нема многу избор.
ПСЖ пред две години го доведе Нејмар за 222 милиони евра и таа сума и понатаму е светски рекорд и клубот не сака да го продаде за помал износ и поради тоа позајмица со право на откуп (за 200 или повеќе милиони евра) изгледа како добра опција за сите страни.