Дома Топ вести Нова жртва на Солари: Уште една ѕвезда се сели на клупата!

Нова жртва на Солари: Уште една ѕвезда се сели на клупата!

Во реванш диелот од осминафиналето во Лигата на шампиони, Реал Мадрид вечерва го пречекува тимот на Ајакс и има големи шанси за пласман во четвртфиналето.

Иако мечот против Ајакс не доаѓа во најдобро време за „кралевите“ после двата порази од Барселона, сепак Реал има голема предност после победат во Амстердам од 2:1.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Актуелниот шампион нема право на кикс, иако треба да се напомене дека на овој меч нема да настапи капитенот Серхио Рамос поради казната од УЕФА за намерниот жолт картон.

Според пишувањата на мадридска „Марка“, Солари за слабите изданија на својот тим го обвинил Тони Крос.

„Младите играчи играат се подобро и многу се блиску да се најдат во стартниот состав“, истакна Солари, а многумина таа изјава ја протолкуваа како преселба на клупата за Тони Крос.

Наместо Германецот многу веројатно дека на вечерашниот меч од првата минута ќе стартува 20-годишниот Федерико Валверде, за кого Солари има високо мислење.

Тоа значи дека Крос би можел да биде следната ѕвезда која ќе биде „жртва“ на тренерот после Иско, Бејл и Марсело.

Крос пристигна во Реал Мадрид во 2014 година и заедно со Лука Модриќ изминатите години го сочинуваше еден од најдобрите тандеми во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште една легенда на Барселона и Испания го објави крајот на својата кариера

Легендарниот поранешен дефанзивец на Барселона и Шпанија Жорди Алба објави дека ја завршув…