Дома Фудбал Останато Новата работа на Раниери ќе му пропадне поради бизарни причини?

Новата работа на Раниери ќе му пропадне поради бизарни причини?

Клаудио Раниери постигнал договор со Нант со кого наскоро би требало да потпише договор и да започне со работа, доколку се реши прилично бизарниот проблем со кој се соочил.

Имено, според пишувањата во Франција, прволигашот не смее да вработи тренери постари од 65 години. Клаудио Раниери има 65 години и седум месеци, па со тоа е премногу стар за да го превземе Нант.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поради тоа, овој клуб апелираше жалба до сојузот каде што побараа исклучок од правилото, кој досега беше заобиколено и тоа кога Гај Ру го превзеде Ленс. Францускиот стратег тогаш имаше 68 години, но му излегоа во пресрет.

Раниери има уште една понуда од Франција и тоа од Сент Етјен, но во Нант го привлече проектот кој му го претставил претседателот на овој клуб, Валдемар Кит.

Поранешниот тренер на Лестер сега треба да го чека одобруваето, за да му одобрат, а за него се согласуваат и Асоцијацијата на тренери. Многумина тренери во Франција дадоа „зелено светло“, но тоа не го направи претседателот на организацијата, Рајмонд Доменеш, што создава проблем во целата ситуација.

Доколку на Клаудио Раниери поради овие проблеми му пропадне оваа работа во Нант, тоа ќе биде своевиден преседан во фудбалот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…