Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ се присети на 90-тите, а потоа запеа: „Мораш да се бориш…“

Новак Ѓоковиќ се присети на 90-тите, а потоа запеа: „Мораш да се бориш…“

Новак Ѓоковиќ стигна до своето 13. полуфинале на УС Опен, откако во три сета го совлада Американецот Тејлор Фриц.

Ѓоковиќ прелесно стигна до полуфиналето и ита кон нова титула во ГС. Фриц не најде сили да му парира на Србинот, кој победи со 6:1, 6:4, 6:4. По мечот даде изјава, а потоа запеа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Ова е спорт кој ми даде многу. Доаѓајќи од Србија, во тие 90-ти, во деновите на моето детство, имав многу работи да поминам. Имав среќа бидејќи имав луѓе кои беа покрај мене , оние кои веруваа во мојот талент.

Моите родители се тука, им праќам бакнеж. Тоа е мојот одговор на темата за тие бројки. Секое излегување е одлична можност за мене, особено на оваа возраст, само сакам да уживаме во вакви работи што е можно повеќе“, рече Новак.

Тој признава дека ја скратил косата пред натпреварот. “Да, ја скратив косата, тоа ми помогна. Бев аеродинамичен на теренот, побрзо ја додавав топката. Се шегувам…., рече Ѓоковиќ, а потоа го запеа познатиот хит на Beastie Boys.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тренерот потврди – крај на приказната: Познато дали Синер ќе се повлече од Вимблдон

Тенискиот свет остана во шок по информацијата дека Јаник Синер поради повреда го одложи тр…