Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ испадна од Австралија опен

Новак Ѓоковиќ испадна од Австралија опен

Новак Ѓоковиќ е поразен во полуфиналето на Австралија Опен.

Српскиот тенисер пристигна на првиот сезонски Грен слем турнир со цел да ги зголеми рекордните бројки на победнички Грен слем турнири (има 24) и Австралија опен (има 10), но беше запрен пред финалето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Подобар од најдобриот во светот беше четвртиот носител Италијанецот Јаник Синер со 6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3.

Ова беше вкупно седми меч меѓу овие двајца тенисери, а Синер намали на 3:4.

Во финалето, 22-годишниот Синер ќе игра против победникот на второто полуфинале, во кое се среќаваат Данил Медведев и Александер Зверев.

Ѓоковиќ влезе во сезоната со амбиција првпат да освои „златен слем“, односно сите четири гренд слем титули во една календарска година, но се сопна уште на првата пречка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нов голем скок на Ѓорческа: Сега е на чекор од топ 200 тенисерки во светот!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, бележи нов скок на ВТА-листата и од денеск…