Дома Останати Тенис Новак покажа дека е голем и во пораз: Во свој стил даде одговор за срамното однесување на публиката

Новак покажа дека е голем и во пораз: Во свој стил даде одговор за срамното однесување на публиката

НОВАК Ѓоковиќ по голема борба и срамно однесување на публиката во Торино загуби од Јаник Синер со 7:5, 6:7 (5:7), 7:6 (7:2) во второто коло на „Зелената група“ на завршниот Мастерс.

 По натпреваорт Новак рече дека е навикнат публиката да биде против него и сите противници да имаат екстра мотивација кога играат против него.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Мора да му честитам на Јаник, одигра феноменално, тоа му го кажав и кога се поздравивме на мрежа.

Тој вечерва беше похрабар и поодлучен, ги искористи шансите кои му се укажаа, за разлика од мене.

Навикнат сум сите да сакаат да ми го земат скалпот. Јас во најголем дел од ваквите дуели во кариерата победував, мислам дека не правев многу грешки, но тоа е спортот, некогаш победуваш, некогаш губиш“, рече Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ја напаѓа осмата титула на Вимблдон – познато кога го игра првиот меч

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ и оваа година тргнува во нова мисија на Вимблдон, каде што ќе се…