Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Рома е на чекор да донесе големо засилување.
Преодниот рок не тргна добро по „волчицата“ која остана без Салах, Паредес и Рудигер, но инкасираше повеќе од 100 милиони евра.
Фановите се лути и бараат од спортскиот директор Мончи нови засилувања, а италијанските медиуми тврдат дека Рома сега ќе тргне во шопинг.
Дефанзицевот на Шалке, Матија Настасиќ е блиску до трансфер на „Олимпико“ за сума од 15 милиони евра, а сега се спомнува и младиот турски напаѓач Ченгиз Ундер.
Овој 19-годишен напаѓач на Башакшекир го нарекуваат уште и „турскиот Дибала“ и за него силен интерес покажуваат уште Јувентус и Манчестер Сити.
Сепак, последните информации од медиумите се дека „волчицата“ постигнала договор со турскиот клуб и за 13 милиони евра ќе го донесе Ченгиз Ундер на „Олимпико“.