Вчера ве информиравме дека Македонската радио телевизија нема да ги пренесува натпреварите во ракометната Лига на шампиони, а денес стигна потврдат дека националниот сервис останал и без фудбалската ЛШ.
По неколкудневни шпекулации дека Македонската радио телевизија нема да врши преноси од најдобриот европски ракомет и фудбал, сега и официјално стигна потврда за тоа. Уредникот на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски го ја потврдил информацијата за порталот „Off.net“.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„МРТ и за наредниот тригодишен период (2018-2021) достави исклучително висока понуда до Тим Маркетинг, компанијата преку којашто УЕФА ги продава ТВ правата за фудбалската Лига на шампионите и за Лига Европа. Сумата којашто во моментов е незамислива за некоја од комерцијалните ТВ куќи во земјава да ги откупи правата за ексклузивното натпреварување, сепак, не беше доволна за МТВ да обезбеди ексклузивитетот како и во периодот од 2012 до 2018 година“, изјави Николовски, пренесува „Off.net“.