Дома Останати Ракомет Ништо од јапонска услуга за нас: Јапонците се држеа, но Исланд на крајот се радуваше

Ништо од јапонска услуга за нас: Јапонците се држеа, но Исланд на крајот се радуваше

Иако не беше реално сепак се надевавме, но Јапонците не ни завршија половина од работата за влез во топ 12.

Имаше неизвесност, но Исланд сепак на крајот победи со четири разлика 25:21. Јапонците на губеа со 20:17 во 50-тата минута, но потоа направија серија од 4:1 и имаа обид да ја загрозат победата на Исланѓаните. Сепак, Палмарсон и Сигурмансон до крајот обезбедија победа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Изедначен натпревар гледавме уште во првиот дел кој на крајот се заврши и со нерешен резултат 12:12.

Најефикасни беа Сигурмансон и Гунарсон со по пет погодоци, додека кај Јапонија Агире четири пати ја погодуваше мрежата.

Со оваа победа Исланд се изедначи со бодови со нас на табелата со по четири бода. Сепак, тие имаат подобра гол-разлика и во утрешниот меѓусебен дуел ќе им одговара и реми.

Секако, ова нема да важи ако ние вечерва направи чудо против европскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

На повидок шок во Битола: Алонсо може да замине!

Екипата на германски Лајпциг е во потрага по нов тренер по разделбата со Рунар Сигтригсон.…