Дома Трансфер зона Ништо од трансферот на Вилијан Жозе, Барса ќе бара друго решение

Ништо од трансферот на Вилијан Жозе, Барса ќе бара друго решение

Барселона е во потрага по напаѓач, после повредите на Луис Суарез и Осман Дембеле.

Каталонците не успеаа да купат „деветка“ во зимскиот преоден рок, а после повредата на Дембеле Фубдалскиот Сојуз на Шпанија им дозволи да направат вонреден трансфер надвор од преодниот рок. Условот е играчот да биде регистриран во Фудбалскиот сојуз на Шпанија, што значи дека не можат да доведат играч од друго првенство.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Последниот играч кој се поврзуваше со Барселона беше Вилијан Жозе од Реал Сосиедад кој во јануари можеше да завршо во Тотенхем, но остана во Сосиедад и таму изгледа ќе остане барем до лето.

Од неговиот трансфер во Барселона нема да има ништо. „Марка“ објави дека клубот од „Ноу Камп“ не е спремен да ги исполни барањата на Сосиедад.

Како што пишува овој медиум. Барса не е заинтересирана да влегува во преговори затоа што нема намера да плати 30 милиони евра колку што бара Сосиедад. Се пишуваше дека Жозе има клазула од 70 милиони евра, меѓутоа тие информации се покажа дека не се точни.

Жозе сакаше трансфер во Барселона и поради тоа во знак на протест одби да игра против Еспањол во купот, сепак во клубот имаат став од кој не сакаат да отстапат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…