Дома Трансфер зона Ништо од трансферот: Муниаин останува верен на Атлетик Билбао!

Ништо од трансферот: Муниаин останува верен на Атлетик Билбао!

Левото крило на Атлетик Билбао, Икер Муниаин денес и официјално стави потпус на нов договор и се обврза на верност со баскискиот клуб до 2024 година.

Договорот на Муниаин истекуваше на крајот на сезоната, па поради големиот интерес од неколку европски гиганти се претпоставуваше дека ќе си замине од Билбао како слободен агент.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа, 25-годишниот Шпанец реши да му остане верен на својот матичен клуб, каде е дел од првиот тим уште од 2009 година. Билбао денес и официјално го потврди договорот и потенцираше дека во него нема откупна клаузула.

Муниаин оваа сезона има 11 настапи во Примера на кои постигна 4 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…