Дома Фудбал Херојот на Билбао кој ја елиминираше Барса: Сега би испил неколку пива…

Херојот на Билбао кој ја елиминираше Барса: Сега би испил неколку пива…

Aтлетик Билбао по 120 минути игра вчера ја победи Барселона со 4:2 и така ја елиминираше од Купот на Шпанија. Еден од најважните фудбалери на Баскијците во овој триумф беше одличниот Ињаки Вилијамс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред само 48 часа Вилијамс со Гана играше на Африканскиот Куп на Нации и по елиминацијата на на Гана во групната фаза веднаш се упати за Шпанија и со 12-часовен лет стигна утрото пред натпреварот.

Тренерот на Атлетик Билбао не размислуваше и му даде шанси. Одлуката да го пушти на теренот се покажа како полн погодокот бидејќи во продолженијата Вилијамс прво постигна гол, а потоа му асистираше на неговиот брат за конечни 4:2.

По натпреварот новинарите го прашаа како се чувствува со оглед на долгиот пат и краткиот период во кој одигра два натпревари на различни континети.

„Искрено, се што сакам сега е испијам неколку пива со момцит, но многу сум уморен. Одам дома да спијам“, изјави Вилијамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гризман со солзи се прости од Атлетико: Простете, Барселона беше грешка

ФРАНЦУСКИОТ фудбалер Антоан Гризман ја одигра својата последна средба за Атлетико Мадрид п…