Наредните борби во УФЦ нема да се одржат на приватен остров како што зборуваше Дајна Вајт, тие ќе се одржат во Калифорнија.
„Њујорк Тајмс“ дојде до информација дека УФЦ 249 евентот ќе се одржи во „Тачи Палас“ хотелот во Калифорија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Место каде што ќе бидат одржани борбите во наредните два месеци ќе биде заклучено и ќе продолжиме да ги закажуваме борбите“, истакна Вајт.
Успеал Вајт да се обезбеди дека Атлетската комисија во Калифорнија нема да се меша во процесот на организација и дека овие борби нема да бидат под нивни ингеренции.
Првиот евент кој ќе се одржи е УФЦ 249 евентот на 18. април и на тој за привремениот појас во лесна категорија ќе се борбат Тони Фергусон и Џастин Гатје. Кабиб ќе потсетиме не учествува затоа што не може да ја напушти Русија поради затварањето на границите.