Дома Фудбал Италија Ништо од пензија: Буфон потпишува нов договор со Јувентус

Ништо од пензија: Буфон потпишува нов договор со Јувентус

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон не планира да ја прекине кариерата на крајот од сезоната, иако веќе влезе во петтата деценија од животот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Четириесет и двегодишниот Италијанец има договор со Јувентус до крајот на сезоната, но „Тутоспорт“ тврди дека двете страни ќе ја продолжат соработката.

Весникот кој е близок до Јувентус открива дека Буфон постигал договор за нов едногодишен договор и ќе стави потпис на истиот веднаш откако ќе помине хистеријата со пандемија.

42-годишниот голман ова лето се врати во Јувентус после авантурата во ПСЖ и потпиша договор на една година, но наскоро ќе ја продолжи соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…