Повремениот рерпрезентатицец на Србија и член на Шалке, Матија Настасиќ ова лето би можел да направи трансфер во Серија А.
„Спорт Италија“ пишува дека познатиот менаџер Фали Рамадани бил контактиран од Милан, па наскоро може да се очекува официјална понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот од „Сан Сиро“ е во потрага по дефанзивец, па откако Ливерпул одлучи да ги одбие сите понуди за Ловрен, „росонерите“ сега ќе тргнат по потписот на Настасиќ.
26-годишниот Настасиќ има и искуство во Серија А, каде што настапуваше за Фиорентина, пред да се пресели во Манчестер Сити.
Дефанзицевот сака да се пресели во Серија А и преку својот менаџер Рамадани дал согласност за трансферот, а Шалке за неговата слобода бара помеѓу 15 и 18 милиони евра.