Дома Македонски спорт Мак фудбал Ништо од историја за Победа – реми за елиминација од Колерејн во младинската ЛШ

Ништо од историја за Победа – реми за елиминација од Колерејн во младинската ЛШ

Mладинскиот тим на Победа не успеа да ја помине првата пречка во квалификациите за Лигата на шампионите откако денес во Скопје одигра 2:2 против Колерејн од Северна Ирска.

Овие 2:2 на Победа не беа доволни поради поразот пред седум дена на гостински терен од 3:2.


Денес црвено-белите поведоа рано со голот на Тошески во 6-тата минута, имаа многу повеќе од играта, доминација на теренот, неколку полушанси а најубавата на Дебрешлиоски во 37-та минута.

Во вториот дел многу помалку возбудувања пред противничкиот гол, а гостите со два брзи гола во 82-та и 87-та минута си обезбедија пробив во следната рунда. На крајот со гол од пенал Тодороски ги постави конечните 2-2.

ПОБЕДА : Мариновски, Ѓорчески (од 85 мин Миланоски), Аризанкоски, Ковиловски (од 86 мин. Петејчук), Поп-Антоски, Крстески (од 67 мин Варошаноски), Кочоски, Јакопетревски (од 89 мин. Нанчески), Дебрешлиоски, Тодороски, Тошески.

Фото: ФК Победа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…