Дома Топ вести Ништо од зимското „засилување“ на Сетиен: Крај на сезоната за Дембеле!

Ништо од зимското „засилување“ на Сетиен: Крај на сезоната за Дембеле!

Само неколку дена откако тренерот на Барселона, Кике Сетиен зборуваше за големиот напредок на Французинот пристигна нова лоша вест.

„Воодушевени сме од Дембеле. Тој ќе биде како зимски трансфер. Никогаш не можеш да ги предвидиш работите, но треба да се мисли позитивно. Треба да се има на ум дека станува збор за млад играч. Интезитетот со кој тренира е феноменален. Кога ќе го видам како тренира, имам солзи на очите“, изјави Сетиен пред неколку дена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа денес стана јасно дека Дембеле сигурно нема да биде зимско „засилување“ за Сетиен. Вчера Французинот заработи повреда на тренингот, се чекаше Барселона да се огласи и Каталонците не соооштија ништо добро.

Имено, Дембеле заработил целосна руптура на тетивата во предлот на предната ложа.

Ова значи дека сезоната за Дембеле е и официјално завршена. Барселона не објави колку ќе паузира Дембеле, меѓутоа кога во прашање е ваква повреда опоравувањето е долг процес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…