Македонската репрезентација со пораз го завршува настапот на турнирот во Перм.
Од самиот почеток на натпреварот Естонија наметна добра игра, а ние грешевме во нападот и игравме слабо во одбраната. Кога се бориме за ЕП не смеевме да си дозволивме да примиме 50 поени за едно полувреме.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Естонците на полувремето водеа со огромни 49:38 и тука веќе беше јасно дека ќе ни треба чудо за во второто полувреме да ја надополниме негативата.
Во вториот дел видовме една подобра Македонија. На самиот старт направивме серија од 8:0, дојдовме и на минус 4, но потоа Естонија повторно почна да игра подобра кошарка и одново ја вратија предноста.
Ние одново бевме подобар тим во последната четвртина и на две минути до крајот дојдовме на минус еден. 80:79.
На крајот ние го добивме натпреварот со 84:86, но за пласман на ЕП ни требаше победа од најмалку 10 разлика.