Дома Трансфер зона Ништо од Гризман, Мурињо се пренасочува кон…

Ништо од Гризман, Мурињо се пренасочува кон…

После казната која ја доби Атлетико Мадрид за забрана за трансфери, најверојатно ќе пропадне трансферот на Антоан Гризман во Манчестер Јунајтед бидејќи напаѓачот одлучи да му остане верен на „јорганџиите“.

Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо сега се насочил кон голгетерот на Лион, Александе Лаказет, кој пак требаше да заврши во Атлетико како замена за Гризман.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Продолжувањето на трансферното ембарго на Атлетико целосно ги промени плановите, па „Мирор“ тврди дека сега Лаказет е приоритет на „црвените ѓаволи“ и дека веќе спремиле понуда од 50 милиони фунти.

Арсенал исто така покажува сериозен интерес кон Лаказет но самиот фудбалер истакна дека сака да се пресели во клуб кој настапува во Лигата на шампиони, па така во моментов најголем конкуент на Јунајтед е Ливерпул кој исто така се интересира за Французинот.

Другите варијанти се Алваро Мората и Ромелу Лукаку, но нивните трансфери се многу потешки за реализација бидејќи едниот е блиску до Милан, а другиот до Челзи.

„Мирор“ исто така тврди дека од „Олд Трафорд“ се одлучиле да му го продолжат договорот на Златан Ибрахимовиќ на уште една година бидејќи Швеѓанецот многу брзо се опоравува од повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…