Италија е најзагрозена европска земја кога во прашање е пандемијата со коронавирусот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако на Апенините се уште владее вонредна состојба министерот за спорт на оваа земја Виченцо Спадафора зборуваше за тоа кога би можеле лигата повторно да се игра.
Спадафора како што кажа Серија А може да се игра од 3. мај, меѓутоа не е јасно дали ќе биде со или без навивачи.
„Сметам дека Серија А може да продолжи од 3. мај. Ќе одлучиме дали со публика или без. Ова се однесува и на меѓународните натпреварувања како што се Лигата на Европа и Лигата на шампионите“, изјави Спадафора.
Ќе потсетиме, првенството е официјално суспендирано до 3. април, но никој не верува дека тогаш ситуација ќе се подобри за да може да се игра фудбал. Сега кога е одложено Европското првенство нема и потреба да се ризикува.