Дома Трансфер зона Ништо од враќањето на Силва во Милан

Ништо од враќањето на Силва во Милан

Иако за тоа во претходните денови многу се пишуваше во европските спортски медиуми, се чини дека од враќање на Тиаго Силва во Милан нема да биде ништо.

Силва е во последната година од договорот со ПСЖ и како што сега стојат работите продолжување на соработка нема да има.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Затоа почна да се шпекулира за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а според последните тоа нема да биде поранешниот клуб Милан.

Како што пренесува Калчомеркато, Силва има високи барања кога е во прашање платата, а покрај тоа и поради бројот на годините (35) Росонерите сепак се одлучиле да не го вратат во клубот.

Силва во ПСЖ пристигна во 2012. година токму од Мулан и тоа во пакет со Златан Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Млада ѕвезда на ПСЖ ја освои големата награда од Golden Boy 2025

Младата ѕвезда на Пари Сен Жермен Дезире Дуе е овогодинешен носител на наградата Golden Bo…