Дома Фудбал Англија Ништо ново во Арсенал: „Малерот“ на Венгер продолжува да го следи и Емери

Ништо ново во Арсенал: „Малерот“ на Венгер продолжува да го следи и Емери

Aрсенал неколку сезони наназад под водство на Арсен Венгер имаше големи проблеми со повредените играчи, а таквата ситуација продолжи и оваа сезона кога во клубот пристигна Унаи Емери.

Фудбалерот Мејтланд-Најлс оваа сезона беше предвиден да биде еден од стартерите бидејќи зад себе имаше одлични месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа уште на стартот во Премиер лигата во дербито против Манчестер Сити овој фудбалер заработи повреда на левата нога и сега ќе мора да оди на рехабилитација од два месеци.

За работата да биде полоша за Емери и Арсенал тој не е единствениот повреден играч.

Сеад Колашинац би требало да се врати во октомври поради повреда на коленото, надвор од тимот е Карл Џенкинсон, а наскоро се очекува враќање на Начо Монреал и Дани Велбек.

Арсенал во првото коло од Премиер лигата забележа пораз од Манчестер Сити со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Следува голема реконструкција на Интер

Една генерација се ближи кон крајот и наскоро ќе добиеме ново лице на миланскиот Интер. Не…