Дома Останати Тенис Нишиока се сруши на теренот на УС Опен. Мораше да биде изнесен во инвалидска количка

Нишиока се сруши на теренот на УС Опен. Мораше да биде изнесен во инвалидска количка

Јапонскиот тенисер Јошихито Нишиока (28) беше принуден да му го предаде мечот на српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ (24) во петтиот сет од првото коло на УС Опен.

Кога резултатот беше 2:2 во сетови (7:6, 2:6, 7:5, 5:7) и 1:0 за Кечмановиќ во петтиот сет со брејк-топка на сервис на Нишиока, тој падна на подот и почна да вреска од болка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Нишиока и по интервенцијата на докторот не можеше да се движи. По некое време, Јапонецот беше опкружен со „жив ѕид“ за да ги спречи гледачите да ја видат драмата што се одвиваше.

Потоа во солзи тој беше изнесен од теренот во инвалидска количка, во придружба на дваесетина луѓе, откако му помагаа повеќе од 20 минути.

 Натпреварот беше прекинат и Кецмановиќ службено дојде до победата и до дуел со Музети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Марка“: Ѓоковиќ стана непријател број „еден“ на Србија!

Србијаа, поточно нејзината влада и претседателот, повторно се на мета на негативна критика…