Возачот на „Ред Бул“ и актуелен светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Италија што денеска се одржа на патеката во Монца.
Холанѓанецот Ферстапен стигна до својата рекордна 10 последователна победа во Ф1 со време од 1:12:13.618. Стигна до 47 победа во кариерата и 12 сезонава на патеката Монца. „Ред Бул“ е и првиот тим во историјата кој постигнал 15 последователни победи во Формула 1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Второто место на Италијанското ГП го освои уште еден возач на „Ред Бул“, Мексиканецот Серхио Перес, кој заостана 7.686 секунди зад победникот.
Третата позиција му припадна на Шпанецот Карлос Саинц од „Ферари“, додека четврти беше неговиот тимски колега Шарл Леклер. Петтото и шестото место ги освоија возачите на „Мерцедес“, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.