Дома Фудбал Лига на шампиони Николов влезе во финишот, Шериф го изненади Шахтјор, Борусија подобра од Бешикташ 🎥

Николов влезе во финишот, Шериф го изненади Шахтјор, Борусија подобра од Бешикташ 🎥

Тимот на Бобан Николов приреди изненадување во своето деби во Лигата на шампионите совладувајќи го фаворизираниот Шахтјор со 2:0.

Првиот гол го постигна Адама Траоре во 16. минута со убав удар после нафрлувањето на Кристиано. Траоре беше одличен претходниот плеј-оф натпревар против Динамо кога постигна два гола. За 2:0 се погрижи Момо Јансане со удар со глава, одсново асистент беше Кристиано.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Бобан Николов влезе во 85. минута и го одигра финишот од мечот.

Борусија Дортмунд во истиот термин играше против турски Бешикташ на гостински терен.

Натпреварот „милионерите“ го решија во првото полувреме кога ги постигнаа двата гола (1:2). Прво Белингам во 20. минута го отвори резултат, а Халанд во финишот од полувремето го зголеми водството.

Бешикташ успеа да постигне само утешен гол во 94. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…