Дома Останати Кошарка Никола Јокиќ не размислува за МВП наградата

Никола Јокиќ не размислува за МВП наградата

Никола Јокиќ синоќа беше неверојатен и запиша 50 поени против Сакраменто.

Така Јокиќ стана рекордер по број на поени кога се во прашање кошаркари од поранешна Југославија во НБА лигата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тоа беше личен рекорд за српскиот центар, но не беше доволно да се победи Сакраменти, кој славеше со 119:114.

„Не бев толку агресивен, колку што бев фокусиран на натпреварот. Бевме ослабени, неколку млади играчи за прв пат добија шанса. Се обидов да им помогнам. Не знам дали успеав во тоа.“ – рече Јокиќ.

Со оглед дека има просек од 27,2 поени, 11,5 скокови и 8,6 асистенции, кандидат е за МВП наградата.

„Воопшто не размислувам за МВП трката. Фокусиран сум само на следниот натпревар. Не сме екипа која може да си дозволи луксуз да го загуби лесно бил кој натпревар.“ – додаде Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Крис Пол е слободен агент: Четири тимови се во игра!

Легендарниот плејмејкер Крис Пол доби отказ во Клиперс, што предизвика реакција во САД. Ни…