Дома Фудбал Останато Нивната мајка е заслужна за СЕ, татко им ги напуштил пред 12-13 години – тешкиот пат на Лукас и Тео Ернандез

Нивната мајка е заслужна за СЕ, татко им ги напуштил пред 12-13 години – тешкиот пат на Лукас и Тео Ернандез

lukas teo

Браќата Лукас и Тео Ернандез се меѓу најталентираните дефанзивци во светот на фудбалот.

Иако имале навистина тешка семејна драма на крајот со помош на нивната мајка успеале да се изградат во големи фудбалери, а започнаа во мадритскиот Атлетик.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лукас се уште е член на „јорганџиите“, додека Тео од Реал Мадрид е позајмен на Реал Сосиседад каде што игра одлично.

Нивниот татко Жан Фансоис Ернандез е поранешен фудбалер на Рајо и Атлетико, ги напуштил пред повеќе од 10 години и за него не знаат ништо.

Нивната мајка успеала да ги изнесе на вистинскит пат и сега сигурно е горда на своите синови.

„Се и должиме на нашата мајка. Таа не подигна и не насочи кон фудбалот, работеше со часови за да не прехрани. Се и должиме на не, изјави Лукас Ернандез, а потоа ја откри вистината за неговиот татко.

„Не сме слушнале за него ништо 12 или 13 години, не ни се јавал. Сега кога сум татко уште повеќе не можам да разберам како го направи тоа. Не беше добар татко.

Јас тоа не би можел да го направам, за моето дете би спиел и под мост“.

Потоа зборуваше за односот со неговиот брат Тео.

„Јас сум постар брат и негов заштитник. Имав тешки моменти, но секогаш се држевме заедно и кога и да му бев потребен, бев до него. Секогаш сме имале одличен однос. Тој е мојот помал брат и мојот најдобар пријател“, заврши Лукас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…