Дома Фудбал Нзонзи исфрлен од тимот на Севиља!

Нзонзи исфрлен од тимот на Севиља!

Тренерот на Севиља донесе одлука Стивен Нзонси да го исфрли од тимот и во иднина да тренира одвоено од екипата, пренесуваат шпанските медиуми.

Францускиот играч за врска предизвика ваква реакција кај тренерот Берицо откако го напушти стадионот кога беше изваден од игра на полувремето на мечот против Ливерпул, во моментите кога Севиља губеше со 3:0.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ваквиот гест на Нзонзи има и специфична тежина бидејќи играчите на Севиља во продолжение успеаа да го израмнат резултатот на 3:3 инспирирани од говорот на тренерот кој на полувемето им соопшти дека боледува од канцер.

Меѓутоа, ваквата реакција на Нзонзи не е насочена кон тренерот, туку против клубот кој не му дозволи ова лето да се пресели во редовите на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем нуди најголема плата во клубот за ѕвездата од Премиер лигата!

Еден од фудбалерите на кои ќе биде ставен фокусот во јануари е Антоан Семењо, фудбалер кој…