Пеп Гвардиола се надева дека ќе го искористи незадоволството на Алексис Санчез и ќе успее да го доведе во редовите на Манчестер Сити.
Манчестер Сити сака да го доведе Алексис Санчез и е спремен да направи се за да го доведе Чилеанецот до крајот на преодниот рок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Изминатата вечер се појавија информации дека Санчез побарал дозвола за да го напушти клубот, а не се чекаше долго за реакција на Пеп Гвардиола. Наводно, Гвардиола нуди пари, но и Рахим Стерлинг.
Венгер е цврст во намерата да го задржи Санчез и покрај желбата на фудбалерот, но понудата во која би бил вклучен и Стерлинг би можела да ги промени работите.
Стерлинг е фудбалер кој би можел да ја пополни дупката во нападот на одбрната кој ќе се отвори по заминувањето на Санчез. Оваа понуда изгледа како идеална за Венгер, клубот би се ослободил од незадоволниот играч, но и би добил одлична замена на негово место, како и пари со кои би можеле дополнително да се засили тимот.
Да потсетиме, Арсенал ова лето веќе одби 70 милиони евра од Сити за услугите на Санчез.