Дома Фудбал Италија Не размислува за пензија: Ибра уште една година во Милан

Не размислува за пензија: Ибра уште една година во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Златан Ибрахимовиќ се блиску до договор за продолжување на соработката.

Ова не би било изненадување доколку Ибрахимовиќ минатиот месец не наполнеше 40 години, па многумина очекуваа дека ова ќе биде последна сезона во неговата кариера.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Меѓутоа, Ибрахимовиќ сака да игра и на Светското првенство во Катар, па преговара со Милан за продолжување на соработката.

Златан се чувствува одлично во Милано, а „росонерите“ му понудиле нов договор до јуни 2023 година.

Милан исто така преговара за продолжување на соработката и со Тео Ернандез, Рафаел Леао и Исмаел Бенасер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал потроши 45 милиони на човек кој никогаш не стапна на теренот

Бразилскиот фудбалер Реиниер Жесус Карваљо (23) повеќе не е играч на Реал Мадрид. Тој ја п…