Кошаркарите на Денвер со убедлив пораз ја започна новата сезона во НБА лигата. Шампионот беше поразен од Оклахома на свој терен со 87:102.
На Денвер не помогна ниту трипл-даблот на Никола Јокиќ. Се истакна Денвер само во првата четвртина по која водеше со 19:10, се друго беше во знакот на Оклахома.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Победата на Оклахома беше најавена кога на половината од третиот период Оклахома направи серија од 10:0 со која поведе и со 85:66. На теренот доминираа Александер Гилџес и Чет Холмгрен кои постигнаа 28, односно 25 поени. Центарот оствари и дабл-дабл со 14 скока.
Јокиќ сезоната ја стартуваше со трипл-дабл од 16 поени, 13 асистенции и 12 скока.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон – Бостон 102-122
Далас – Сан Антонио 120-109
Сакраменто – Минесота 115-117