Младиот фудбалер на Барселона, Карлес Алења е голем навивач на каталонскиот тим, но не добиваше шанса во првиот тим, па реши да замине на позајмица во Бетис.
Во еден од разговорите по доаѓањето во Бетис откри дека не би одбил трансфер во Реал Мадрид.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Не би одбил можност да играм за Реал Мадрид. Животот на фудбалерот е исполнет со пресврти. Доживотен навивач сум на Барселона, но го почитувам тоа – никогаш не вели никогаш“, кажа Алења.
Таа изјава ги налути навивачите на Барселона, кои го „нападнаа“ преку социјалните мрежи, по што младиот играч мораше да го избрише својот профил на Твитер.