Роберто Манчини и официјално стана нов селектор на Саудиска Арабија.
Роберто Манчини пред десет дена поднесе оставка од селекторската функција на Италија и со тој потег ги изненади сите, а многумина сметаа дека причината се личните проблеми.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Згора на тоа, неговата мајка Маријана Манчини изјавила дека Роберто сè уште не се опоравил од смртта на неговиот најблизок пријател и соработник Џанлука Вијали, но се испостави дека тоа е не е така – бидејќи веројатно имал понуда за нова работа.
Европскиот шампион со „Аѕурите“ ќе седне на клупата на репрезентацијата на Саудиска Арабија, а за таа работа во следните четири години ќе добие дури 120 милиони евра.
Секако, негова задача е да ја доведе репрезентацијата во ред и да ја направи поконкурентна на големите натпреварувања, што е и планот за клупскиот фудбал, во кој државата вложува огромни пари.
Се очекува на 8 септември Роберто Манчини да дебитира на клупата на Саудиска Арабија против Костарика во пријателски натпревар организиран на стадионот „Сент Џејмс Парк“, инаку во сопственост на Њукасл Јунајтед – клуб кој не така одамна практично беше купен од „државата Саудиска Арабија“.
На овој начин Саудиска Арабија ќе ја промовира репрезентацијата на „својот стадион“, а се е во служба на добивање организација на Светското првенство и (или) Олимписките игри во наредните години.
Да потсетиме, Манчини е познат фудбалер на Лацио кој се прослави како тренер на клупата на Интер и Манчестер Сити, додека брилијантно ја водеше и италијанската репрезентација. На таа позиција сега ќе го замени Лучијано Спалети.