Дома Фудбал Не е се идеално и во Реал: Анчелоти се соочува со три проблеми пред новата сезона

Не е се идеално и во Реал: Анчелоти се соочува со три проблеми пред новата сезона

Навивачите на Реал со многу оптимизам ја чекаат новата сезона. Во Мадрид секогаш очекувањата се големи, но сега тие се посебно изразени најмногу поради пристигнувањето на Килијан Мбапе.

Иако загубија од Барселона во претсезоната во Америка, тоа ретко кој го загрижува и се чека почетокот на сезона. Навивачите веруваат дека Реал може да ја одбрани титулата во Ла Лига и повтѕорно да триумфира во Лигата на шампионите.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Но, ниту во тим како Реал Мадрид не е се перфектно и Анчелоти има уште неколку отворени прашња.

Прво е стоперската позиција, се чини нема да дојде никој, па се чека опоравувањето на Алаба, најрано во ноември. Доколку работите не се одвиваат според очекувањата со Австриецот, клубот ќе побара решение во текот на зимскиот преоден рок. Во меѓувреме „дупката“ во одбраната би можел да ја пополни Чуамени, ако не се доволни Рудигер и Милитао.

Втората ситуација е со е резервниот голман, односно незадоволството на Лунин. Украинецот имаше одлична сезона, но со враќањето на Куртоа од повредата тој се пресели повторно на клупата. Реал сакаше или да го продаде или да го „врзе“ со нов договор. Како опција се споменуваше Премиер лигата меѓутоа засега конкретна понуда од Островот нема.

Третиот проблем за Анчелоти е поврзан со гужвата во нападот.

Лани немаше доволно напаѓачи, Хозелу беше ангажиран по заминувањето на Бензема, но Винисиус и Родриго на фантастичен начин ја изнесоа сезоната, а одличен од клупата беше и Хозелу. Сега пристигнаа Мбапе и Ендрик, Французинот е сигурен во стартниот состав, младиот Бразилец ќе учи од своите сонародници, споменатите Винисиус и Родриго, но се поставува прашањето за формација.

Анчелоти најмногу инсистира на „дијамантот“ уште од времето во Милан, со Родриго и Винисиус пред Белингем одлично функционираше. Но, со доаѓањето на Мбапе најверојатно ќе се „префрлат“ на 4-3-3, што во фазата на одбрана се трансформира во 4-4-2. =

По страничните позиции веројатно ќе бидат Родриго и Винисиус, а во средината на нападот Мбапе. Тука се доаѓа до Белингем кој веројатно би морал да игра нешто поповлечено и се пишиува дека тоа може да биде проблем, односно дека англискиот репрезентативец нема да одговори најдобро на дадените дефанзивни задачи.

Ако на ова се додаде Ѓулер, кого Анчелоти не го пушти на позајмица и планира да му даде шанса на десната страна во 4-4-2, но и да ја подобри играта во одбраната, јасно е дека е преполно и дека Анчелоти ќе има маки да ги задржи сите задоволни. Останува да видиме како се тоа ќе изгледа во текот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…