Според информациите на експертот за трансфери, Фабрицио Романо, Манчестер Јунајтед дефинитивно го добива потписот на Софијан Амрабат.
Амрабат во Манчестер Јунајтед пристигнува на позајмица за која клубот од „Олд Трафорд“ ќе плати 10 милиони евра, а ќе има опција за откуп во износ од 20 милиони евра, дополнителни пет би се исплатиле преку бонуси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мароканецот вниманието на себе посебно го привлече со настапот на Светското првенство, а во јануари беше блиску до Барселона, но тој трансфер пропадна.
Исто така Ерик Тен Хаг потврди дека пристигнува Серхио Регулион од Тотенхем.
„Да тој тренираше со нас, документите се потпишани вчера“, изјави стратегот на „црвените ѓаволи“.