Дома Фудбал Англија „Не го сакам Сити, но не сакам да гледам како Ливерпул освојува четири трофеи“

„Не го сакам Сити, но не сакам да гледам како Ливерпул освојува четири трофеи“

До крајот на сезоната во Англија ќе гледаме голема борба на Манчестер Сити и Ливерпул за титулата шампион.

Манчестер Сити ја брани титулата освоена минатата сезона, но овој пат Ливерпул има само бод помалку од „граѓаните“. До крајот на сезоната има уште четири кола и тоа ни гарантира дека ќе гледаме вистински спектакл. Двата тима се во одлични форми, а покрај борбата во Премиер лигата двата тима играат и во полуфиналето во Лигата на шампионите и постои можност двата тима да се сретнат во финалето.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од друга страна на навивачите на останатите клубови, не им е баш лесно да следат се што се случува, тоа посебно се однесува на фановите на Јунајтед кој оваа сезона игра под очекувањата.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед призна дека повеќе би сакал Сити да ја одбрани титулата отколку Ливерпул.

„Боли да се гледа сето тоа, но морате да го почитувате Ливерпул. Не сакам да го поддржувам Сити, но не сакам и да го гледам Ливерпул како освојува четири трофеи“, изјави Бербатов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Една година затвор за навивач кој расистички ги навреди Винисиус

Навивачот на Мајорка кој неодамна го навредуваше Винициус Жуниор од Реал Мадрид на расна о…