Дома Фудбал Останато Нејмар ја отвори душата: Ова е тажно и не знам уште колку ќе можам да поднесам!

Нејмар ја отвори душата: Ова е тажно и не знам уште колку ќе можам да поднесам!

Нејмар се повреди на синоќешниот меч против Каен, а денес ПСЖ објави дека ќе биде еден месец без својата ѕвезда.

Нејмар синоќа доби удар во адукторот и почуствува силна болка, а денес испрати трогателна порака после повредата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тагата е голема. Болката е неизмерна. Постојано плачам. Уште еднаш ќе морам да прекинам да го работам тоа што најмногу го сакам, а тоа е играњето фудбал. Понекогаш мислам дека проблем е мојот стил на игра, дека премногу дриблам и поради тоа постојано добивам удари. Не знам дали јас сум проблем или тоа што го правам на теренот. Тоа е тажно. Премногу ми е тажно кога ги слушам играчите, тренерите, коментаторите… како викаат „Треба да го удриш“, „секогаш паѓа, секогаш паѓа“, „Само плаче“, „Размазено дете“… Искрено разочаран сум и тажен и се плашам дека нема уште многу долго да издржам. Само сакам да бидам среќен и да играм фудбал“, напиша Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фотошопот е чудо: Погледнете како навистина изгледа Ванда Нара (Фото)

Бившата сопруга на Марио Икарди, Ванда Нара, повторно стана во центарот на вниманието кога…