Дома Топ вести Нејмар постави услов на Реал – Еве кои ги посакува за соиграчи

Нејмар постави услов на Реал – Еве кои ги посакува за соиграчи

Во недостаток на трансфери во Реал, мадридските медиуми се занимаваат со летниот преоден рок.

Ќе има многу промени, тоа е повеќе од јасно, иако некои шпекулации кои кружат се нереални.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Она што е јасно е дека Кепа отпадна, а Реал сега бара друг голман. Куртоа може да биде желба на евентуалниот заменик за Зидан, Јоаким Лев.

Меѓутоа, голманот на Челси има понуда да стане најплатениот на светот, па ќе видиме како целата приказна ќе заврши.

Од друга страна, наводен трансфер на Нејмар делува невозможен, но Перез не се предава. Спремен е на се, Бразилецот е во лоши односи со соиграчите, како и тренерот, па останува да видиме дали може да се реализира тој трансфер.

Според истите извори, и Нејмар освен финансиските услови бара и други. Бразилецот ќе бара нов напад, на местото на  Бејл, Роналдо и Бензема да ги донесат Гризман и Азар. Што се однесува до Азар, тој е пред вратите на Барса, но АС инсистира дека постои таен план, Перез да плати повеќе од вредноста на откупната клазула на играчот, односно повеќе од 100 милиони.

Ова е слична приказна од онаа летоска, кога Нејмар пред да дојде во ПСЖ го услови клубот со ангажман на некои играчи.

Сепак, ПСЖ тешко дека така лесно ќе се откаже за Нејмар, иако фудбалот не научи дека ништо не е невозможно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Како да немаше доволно проблеми: Нејмар сега е и – позитивен на коронавирус!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејма е позитивен на КОВИД-19, потврди Сантос со официјално с…