Дома Фудбал Останато Нејмар подобро да не се враќа во Париз, еве што го чека

Нејмар подобро да не се враќа во Париз, еве што го чека

ПСЖ по завршување на трансфер периодот се обиде да ја смири ситуацијата околу Нејмар, бидејќи дел од навивачите не ни сакаат да го видат на стадионот.

Тие најверојатно се закануваат со раскинување на договорот со клубот, но и со сериозно последици, доколку Нејмар се појави на теренот. Тој е спремен, нема причина да не игра против Стразбур во сабота, но и Тухел е во дилема. Го нема ниту Мбапе, ниту Кавани, но дали вреди да се ризикува непријателска атмосфера на „Паркот на принцовите“ во овој натпревар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Може да го одложи проблемот за Лигата на Шампионите, но тоа нема да значи ништо, навивачите и тоа не мал број, му се закануваат со бојкот, доколку Нејмар биде во конкуренција за натпреварот. Многумина сметаат дека во тимот би требало да се врати на првото гостување, за десет дена во Лион, но тој став не го поддржуваат поголем дел од поранешните играчи.

Од Франција пристигнуваат вести дека Ал Келаифи и Леонардо, од Катар добиле наредба да го продадат Нејмар по секоја цена уште во јануари, и дека тој сигурно ќе си оди во Барселона. Сепак, треба да помине жешка есен во Париз…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува 120 милиони евра за двајца играчи од средината на теренот

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на двајца играчи од …