Дома Фудбал Нејмар објасни зошто сакал да си замине од ПСЖ

Нејмар објасни зошто сакал да си замине од ПСЖ

Ѕвездата на Нејмар во интервју за „Франс Фудбал“ откри зошто сакал да го напушти тимот минатото лето.

Играчот кој во 2017 година за сума од 222 милиони евра стигна од Барселона во ПСЖ, ова лето посака да си оди од Париз и да се врати во својот поранешен клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Трансферот не се реализира, а Нејмар беше мета на напади на француските навивачи.

„Никогаш не сум сакал да повредам некого, но сметам дека секој има право да си замине ако не е среќен таму каде што се наоѓа. Денес сум парижанин, давам 100 проценти. Секој пат кога ќе излезам на терен давам се од себе за ПСЖ да дојде до триумф“, изјави Нејмар, кој додаде дека сега е среќен во ПСЖ.

„Зашто би сакал да си одам? Имам уште две години од договорот. Тимот постојано напредува, мораме да останеме фокусирани за можеме да освоиме што повеќе титули сезонава. Нормално целта е Лигата на шампионите. Повторувам, мојот приоритет е ПСЖ и сакам да давам максимум на секој натпревар“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристал палас го руши сопственикот рекорд: Плаќа 57 милиони евраза напаѓач кој има само еден гол!

По незаборавната мината сезона кога успеаја да се пласираат во Лига Европа (конечно добија…