Бразилецот причино емотивно го дочека крајот на мечот со Костарика.
Бразил вчера со тешка мака ја совлада Костарика, беше 2:0 за Кариоките, но двата погодоци дојдоа дури во судиското продолжение.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Кутињо погоди во 91. минута, а пет минути подоцна прецизен беше и Нејмар кој веднаш по последниот свиреж на судијата почна да плаче.
Откако во ремито во Швајцарија беше индиспониран, ниту во мечот до Костарика не брилјираше.
Повеќе привлече внимание со оние нефудбалски работи, но сепак успеа да дојде до погодок.
„Не знаат баш сите низ што се минав да дојдам до овде. Солзите се радосници. Никогаш не ми било лесно во животот, не ми е ниту сега. Се продолжува сонот, не сонот – целта. Честитки“, напиша Бразилецот на својот инстаграм профил.